Connect with us

Фудбал

Закажано „судење на векот“ во фудбалот: Манчестер Сити оди на суд по 115 точки од обвинението

Шампионот на Англија и Европа, Манчестер Сити, го договори датумот на „судењето на векот“ во светот на фудбалот, како што го нарекоа британските медиуми. Сити ќе се соочи со суд за прекршување на 115 правила за финансиски фер-плеј (ФФП). Обвиненијата беа покренати во февруари, а по континуираните дискусии меѓу адвокатите на Манчестер Сити и челниците на Премиер лигата, беше договорен датумот на судење.

Како што пренесуваат британските медиуми, судењето ќе започне на почетокот на следната сезона, односно есента 2024 година. Точниот датум на почетокот на судењето се чува во тајност и ќе биде зад затворени врати. Актуелниот шампион на Европа е обвинет за прекршување на 115 правила од сезоната 2009/2010, кога започна неверојатниот напредок на клубот, кој стана најдоминантна сила во англискиот фудбал, но и во Европа.

GOO