Connect with us

Фудбал

Закрепнувањето на младата ѕвезда на Рома тече подобро од очекуваното

Бисерот на Рома, Николо Заниоло се опоравува од повредата на коленото што ја здоби во средината на јануари.

Заниоло напорно работеше изминатиов период за целосно да го опорави коленото и се чини дека е на работ да го стори тоа.

Италијански извори откриваат дека играчот од средниот ред напредувал и наскоро ќе го зголеми интензитетот на тренинзите, што значи дека би можел да започне со трчање во тренинг центарот на Рома кога ќе се отвори оваа недела.

Засега фудбалерите на „Волчицата“ се подложени на медицински тестови, исто како што бара протоколот за продолжување на лигата, а се очекува да влезат во центарот за обука во четврток или петок.

Сето ова значи дека Заниоло ќе може да го продолжи своето закрепнување во тренинг центарот на неговиот клуб непречено и може да се врати на терените до крајот на сезоната.

Потсетиме, оваа недела сите клубови во Серија А се повторно на тренинзи. За почеток, ова се само тренинзи еден-на-еден, а од 18. мај ќе бидат и групни. Серија А треба да се врати на почетокот на следниот месец.