Connect with us

Фудбал

Залудно има гол технологија: Неверојатна кражба на натпреварот Астон Вила – Шефилд Јунајтед (ФОТО+ВИДЕО)

После тримесечна пауза, англискиот Премиер лигата конечно продолжи вечерва, при што во тек играат Астон Вила и Шефилд Јунајтед.

Астон Вила и Шефилд го играат натпреварот од 28-то коло на англиската Премиер лигата, а првото полувреме од овој натпревар беше обележано со скандалозна грешка на главниот судија Мајкл Оливер.

Имено, по изведениот слободен удар на Шефилд, голманот на домашната екипа Ниланд влезе во голот со топката и скоро сите играчи на гостинскиот тим започнаа да слават.

Но, Оливер ги шокираше со одлуката да не прифатат гол и укажа на неговиот часовник за гол-технологија што не свирна.

Оливер требаше да добие потврда дека топката ја премина гол линијата и не му е јасно на никој како не се случи тоа, бидејќи голот беше очигледен. Премиер лигата се врати, а со тоа и скандалозните судиски одлуки.