Connect with us

Фудбал

Залудно некој се надева дека ќе бидеме исфрлени од ЛШ

Иако се поголем и поголем е бројот на тие кои јавно побараа од Европската фудбалска организација (УЕФА), да го исфрли од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони, актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, поради непочитување на Финансискиот фер-плеј, предводникот на “граѓаните”, Пеп Гвардиола е убеден дека нема да дојде до такво нешто.

Освен поради одличните резултати како во Премиер лигата, така и во Лигата на шампиони, Манчестер Сити со месеци е во центарот на фудбалското внимание поради документите кои беа објавени од страна на “Фудбал Ликс”, и кои јасно покажаа дека клубот од “Итихат” со години ги прекршува правилата за Фудбалскиот фер-плеј.

Сепак, трофејниот шпански стручњак изјави дека клупските челници му потврдиле дека се е регуларно кога е во прашање ФФП и дека нема никаква основа “граѓаните” да бидат исфрлени од Лигата на шампиони.

-Нема да бидеме исфрлени, не. Претседателот и директорот ми ја објаснија целата ситуација и јас им верувам. Ако тоа се случи, затоа што УЕФА така одлучила, ќе прифатиме и ќе продолжиме понатаму. Но, залудно некои се надеваат, тоа нема да се случИ, изјави Гвардиола.