Други спортови
Замина еден од легендарните тениски тренери
Еден од најпознатите тренери во историјата на тенисот – Ник Болетиери, почина на 91-годишна возраст. Причината за неговата смрт е инфекција на бубрезите. Вчера, неговата ќерка Анжелик Ен Болетиери објави статус на Твитер во кој откри дека нејзиниот татко е на смртна постела.
„Татко ми ќе умре. Моли се за него. Те сакаме тато“, напиша таа.
Во текот на својата долга тренерска кариера, Болетиери беше ментор на некои од најголемите ѕвезди во модерниот тенис како Андре Агаси, Моника Селеш, Џим Куриер, Серена и Венус Вилијамс, како и Марија Шарапова.
Роднините на Болетиери откриваат дека во последните години тој често имал здравствени проблеми.