Connect with us

Фудбал

Замина и најдобриот – Даниел Аврамовски го напушти ФК Вардар

Фудбалскиот клуб Вардар потврди дека Даниел Аврамовски не е повеќе дел од ростерот на Васоски. 25-годишниот играч за врска во нападот ги засили „црвено-црните“ во текот на зимскиот преоден рок во 2019 година од екипата на Олимпија.

„Оваа сезона беше последна во дресот на ФКВардар и за Даниел Аврамовски, кој дојде во Вардар во зимскиот преоден рок 2019 година од екипата на Олимпија.Во „црвено-црниот“ дрес одигра вкупно 41 натпревар со постигнати 12 голови.Фудбалскиот клуб Вардар на Даниел, кој беше интегрален дел од минатогодишната шампионска титула му се заблагодарува на досегашната соработка и му посакува многу успех во понатамошната кариера. Благодариме Цујо!“ – соопштија од ФК Вардар.

Фудбалскиот клуб Вардар на Даниел, кој беше интегрален дел од минатогодишната шампионска титула му се заблагодарува на досегашната соработка и му посакува многу успех во понатамошната кариера.