Connect with us

Фудбал

Замина уште една фудбалска легенда, почина херојот на Италија од СП во 1982

Уште една фудбалска легенда замина во вечното почивалиште. Почина херојот на италијанската фудбалска репрезентација од СП 1982 година, Паоло Роси на 64 годишна возрат.

Во својата богата фудбалска кариера играл за Јувентус, Комо, Виченца, Перуџа, Милан и Верона. Се пензионираше во 1987 година.

Со Италија стана светски првак, во Шпанија во 1982 година. Тогаш стана национален херој, постигна хет-трик против Бразил во четврт-финалната група, потоа два пати стрелаше прецизно против Полска во полу-финалето, а постигна еден од трите гола против Германија во финалето.

Роси беше најдобар стрелец на СП во 1982, а истата година ја доби и Златната топка.