Connect with us

Фудбал

Заминал од ПСЖ бидејќи му пречеле роденденските забави на Нејмар, Мбапе, Ди Мариа…

Белгискиот фудбалер Томас Муние на крајот од минатата сезона го напушти ПСЖ и одлучи кариерата да ја продолжи во Борусија Дортмунд. Тогаш му истече договорот, а не сакаше да го продолжи.

Белгиецот во разговор за германските медиуми зборуваше за ПСЖ и причините поради кои се одличил да го напушти тимот. Во голема мера му пречело однесувањето на главните ѕвезди, Нејмар, Мбапе, Ди Марија…

-Тука цело време се организираа роденденски забави, неверојатно. Кога бев во Клуб Бриж родендените ги славевме со играње пикадо или мала забава покрај базен. Но, во Париз и тоа како се гламурозни тие забави. Тоа ја отсликува целата ситуација во клубот, изнајмуваат вили, хотели или згради и прават забави на кои доаѓаат стотина луѓе, вели Муние.