Connect with us

Фудбал

Заминува поради Роналдо: Интернационалецот на Манчестер Јунајтед го напушта познатиот клуб

Се чека само официјална потврда за трансферот. Крилото со брзи нозе, Даниел Џејмс го напушти Манчестер Јунајтед и се приклучи на Лидс.

Со доаѓањето на Кристијано Роналдо, беше јасно дека 24-годишниот велшки репрезентативец не може да очекува повеќе минути во тимот предводен од Оле Гунар Солскјер. Затоа одлучи да го направи овој чекор.

Клубовите брзо се согласија, како и Џејмс за нивните лични услови. Вредноста на трансферот е 28 милиони евра. Утре ќе има лекарски прегледи, по што се ќе биде официјализирано.