Connect with us

Фудбал

Заминувањето на Буфон ќе биде пример за сите клубови

Агентот на Џанлуиџи Буфон, Силвио Мартина изјави дека легендата на Јувентус по крајот на сезоната ќе го напушти фудбалот, но збогувањето на публиката со легендата на Јуве нема да биде едноставно.

Јувентус планира својот голман да го испрати на спектакуларен начин, а тоа го откри неговиот агент.

„Неговото евентуално простување нема да биде како тоа на Тоти. Таквите емотивни прослави се својствени за Рим, во Торино стилот е поинаков. Очекувам поздравување од публиката како што имаше Дел Пјеро“, изјави Мартина.

„Тоа сигурно ќе биде тежок ден до многу солзи. Имав среќа да соработувам со најдобриот голман на сите времиња. Му се извинувам на Донарума, но никој никогаш нема да биде како Буфон“, заклучи агентот.

Според агентот на Буфон, Јувентус својата легенда ќе ја испрати на спектакуларен начин, како што заслужува.

Буфон неговиот последен натпревар ќе го одигра на 19.05.2018, овој датум ќе биде полн со емоции овој голман кој 17 години ја пишуваше историјата на Јувентус.