Поврзи се со нас

Фудбал

„Заморот и отсуството на првотимците причина за негативата против Ерменија“, смета Ангеловски

Заморот кај фудбалерите во нашата репрезентација и отсуството на дел од првотимците се главните причини за тоа што Македонија вечерва загуби од Ерменија, смета селекторот Игор Ангеловски. Тој ова го потенцираш на прес конференцијата по завршување на натпреварот, во кој Макеоднија загуби од Ерменија на неутрален терен со 1:0.

„Примивме еден наивен гол, Ерменија не беше подобра од нас. Ние не ги користевме шансите во првиот дел кога бевме подобри и тоа се покажа како клучно. Не е убаво чувството кога ќе се загуби, ама не може да победуваме на секој меч. Важно ни е дека си ја остваривме целта, тоа е пласманот на ЕП 2021“, изјави Ангеловски по средбата.

Доколку вечерва ремизиравме или пак издвојувавме победа, Македонија ќе се пласираше во Лига Б.

Ова е прв пораз кој го доживеа селекторот Ангеловски во 2020 година.

loading...

Facebook