Фудбал
Занети: Тој ќе се покаже!
Потпретседателот на Интер, Хавиер Занети е во Мексико за да ја прими награди на „Салон де ла Фама“. Во интервјуто за „Фокс спортс“, тој зборуваше и за мексиканскиот репрезентативец на Наполи, Лозано.
„Нормално, тој минува низ период на адаптација. Лозано е многу квалитетен играч. Италијанскиот шампионат е многу различен од холандскиот, но на долги стази ќе се докаже. Награда на „Салон де ла Фама“? Тоа е гордост и чест што мислат на мене. Всушност, ова е многу важна награда за мене, една од најважните во целиот свет. Привилегија е да ја добијам оваа награда за мојата кариера“, кажа Занети