Connect with us

Фудбал

Заниоло го потпиша најголемиот договор во историјата на турскиот фудбал

Поранешниот член на Рома се пресели во Галатасарај за најмалку 16,5 милиони евра, а трансферот може да се зголеми на уште 13 милиони. Со тоа стана најплатениот фудбалер во Турција и го собори Џенко Тосун (Бешикташ му плати 22,5 милиони на Евертон).

Заниоло доби договор до летото 2027 година со плата по сезона од 3,5 милиони евра, како и 20 отсто од следната продажба.

Италијанецот објави дека има излезна клаузула од 35 милиони евра од следната сезона, што навести дека нема амбиции да остане во Истанбул долго време.

Воедно тој повика Милан и Јувентус да се заинтересираат за него од јули, како што веќе се пишуваше зимава, но немаа финансиски средства да го комплетираат трансферот.

Заниоло во финишот на преодниот рок не сакаше да замине во англискиот Бурнмаут за дури 30 милиони евра, што го навлече гневот кај навивачите и функционерите на Рома, бидејќи сепак го изрази своето незадоволство.

Со таа одлука го уништи договорениот трансфер на Душан Тадиќ на Олимпико од Ајакс, а по завршувањето на преодниот рок во најсилните лиги реши да замине во Турција бидејќи немаше друга опција.

Во Рома би седел на трибините до крајот на сезоната….