Фудбал
Заниоло ја освојува Европа, само Меси е подобар од него
Откако беше номиниран минатата година како еден од најголемите таленти на италијанската фудбалска сцена, оваа сезона се потврдува на многу високо ниво. За Рома има постигнато 3 гола на првите 12 натпревари во италијанското првенство (сите помеѓу 9. и 11. коло), остварувајќи се повеќе импресивни настапи. Конечно, тој ги пронајде и првите голови во националниот дрес.
Заниоло е играч со ретки карактеристики во однос на квалитетот и флексибилноста. Постои уште еден факт, кој дополнително ја потврдува неговата вредност како фудбалер, дриблингот. Бројката се однесува на неговите дриблинзи во ова издание на Лига Европа. Заниело досега одигра четири натпревари на ова континентално натпреварување (против Башакшехир и Борусија Менхенгладбах), или 333 минути, во кои успешно изврши 17 дриблинзи.
Никој друг во овој прв дел од Лигата на Европа не направи подобро од него. И, ако ги погледнете сите европски натпреварувања, воопшто, италијанскиот талент е втор, само Лео Меси е пред него. Аргентинецот со Барселона, во 300 минути игра досега во Лигата на шампионите, оствари 28 успешни дриблинзи.