Connect with us

Фудбал

Заниоло желба на вечните ривали

Вечните ривали од италијанската Серија А, Јувентус и Интер, ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на големиот талент од редовите на Рома, Николо Заниоло. Младинскиот репрезентативец на Италија пред десет дена се рехабилитираше од тешката повреда на коленото и веднаш постигна погодок на првенствениот дуел против екипата на Бреша. Големата желба на „нероазурите“ и на „старата дама“ ќе стане реалност само доколку официјалната понуда за Заниоло не биде помала од 60 мил. евра.