Други спортови
Започната е истрага против Александар Зверев
Александар Зверев е обвинет за наводна физичка и ментална злоупотреба, за што е покрената истрага против големиот тенисер.
АТП одлучи да започне истрага по сериозните обвинувања на Олга Шарипова, поранешната девојка на германскиот тенисер.
Шарипова го обвини Зверев дека „ја удри со главата во ѕид и се обиде да ја задуши со перница“, од што се спасила бегајќи боса од хотелската соба во Њујорк.
„Во тек е внатрешна истрага за наводите во врска со Александар Зверев“, се вели во соопштението на АТП.
„АТП целосно го осудува секое насилство или злоупотреба и ќе ги испита таквите наводи во врска со однесувањето на играчите за време на турнирот“, се вели во соопштението.
Инаку, олимпискиот победник во Токио ги отфрли наводите за насилство од самиот почеток, и во август одлучи да побара заштита на суд.