Connect with us

Фудбал

Започнува лудиот крај на групната фаза. Еве како изгледа новиот распоред и кому што му треба

Завршени се сите натпревари од второто коло од групната фаза на Светското првенство. Од вторник се игра третото и решавачко коло според новиот распоред. Причината е што натпреварите од последното коло од истата група мора да се играат во исто време за да се намали можноста за манипулации.

Така, целото трето коло ќе се игра за четири дена, од вторник до петок, а ќе се игра во два наврати – 16 и 20 часот.

Група А

Холандија – Катар

Сенегал – Еквадор

Во првата група, ситуацијата е многу едноставна. Катар испадна и нема шанси да помине. Во последното коло игра против Холандија, за која ќе биде доволен бод. Холанѓаните можат да бидат елиминирани само ако загубат од Катар и тоа со поголема разлика од Еквадор што загуби од Сенегал.

Да потсетиме, прв критериум во случај на ист број бодови е гол-разликата, а само доколку е еднаква, се смета меѓусебниот сооднос. Сенегал и Еквадор играат меѓусебно натпревар за премин. Сенегалците одат понатаму само со победа.

Група Б

САД – Иран

Англија – Велс

На Соединетите Американски Држави во последното коло им е потребна само победа против Иран. Во секое друго сценарио тие испаѓаат. Победа на Иран сигурно ќе ги води понатаму, но доволен ќе им биде бод доколку Англичаните не загубат од Велс.

На Англичаните им е доволен бод против Велс. Сепак, тие сепак можат да испаднат со пораз. Тоа ќе се случи доколку загубат од Велс со голема разлика (тековната гол-разлика им е +4), а Иран и САД не ремизираат. Велс може да оди понатаму само со победа, но под услов Иран и САД да одиграат нерешено.

Група Ц

Аргентина – Полска

Мексико – Саудиска Арабија

На Аргентина и треба победа против Полска за да биде сигурна. Во случај на реми,  ќе се надева дека Мексико ќе ја победи Саудиска Арабија, но не со преголема гол разлика. Во случај на пораз е елиминиран без разлика на исходот од вториот натпревар.

На Полјаците им е доволен бод, а според некои пресметки и пораз. Саудиска Арабија сигурно ќе напредува со победа, а доволно ќе и биде и реми доколку Аргентина загуби од Полска. Мексико мора да победи и да се надева дека Аргентина нема да ја победи Полска.

Група Д

Австралија – Данска

Тунис – Франција

Победата на Австралија сигурно ќе ги однесе понатаму. Реми ќе и биде доволно само ако Тунис не ја победи Франција, додека со пораз сигурно ќе испадне. Данска мора да победи и да се надева дека Тунис нема да ја победи Франција и да заврши пред нив на гол разлика.

Франција обезбеди премин. Први нема да биде само во случај да загуби и да победи Австралија, а тоа е со надополнување на четирите гола разлика. Тунис мора да победи и да се надева дека Австралија нема да ја добие Данска. Не му оди во прилог ниту убедлива победата на Данска од неговата евентуална победа над Французите.

Група Е

Јапонија – Шпанија

Костарика – Германија

Јапонија дефинитивно ќе оди понатаму со победа, додека со пораз дефинитивно ќе испадни. Единствено ремито е добро доколку Костарика не ја победи Германија, а многу важна е и гол разликата. На Шпанија ѝ е доволен бод, а испаѓа само ако загуби од Јапонија и во вториот натпревар победи Костарика. Теоретски и Германија може да биде пред нив, но тешко е да се очекува гол разлика 8:1.

На Костарика и треба победа. Нерешено може да ја однесе понатаму, но само доколку Шпанија ја победи Јапонија. Германците сакаат само победа, каде што ќе се надеваат дека Шпанија ќе ја победи Јапонија. Во случај на реми меѓу Шпанија и Јапонија, Германија и Јапонија ќе се решаваат по гол разлика

Група Ф

Белгија – Хрватска

Мароко – Канада

Со овој пораз Канада ги загуби сите шанси за минување на групата, а за осминафиналето се борат Белгија, Мароко и Хрватска. Бод против Белгија и е доволен на Хрватска да ја мине групата. Во тој случај би биле пет и само Мароко би можел да има повеќе бодови од Хрватска, но најдобрите две селекции од групата напредуваат.

Хрватска теоретски би можела да загуби од Белгија во последното коло, а потоа и треба пораз на Мароко од Канада. На Белгија и треба само победа, а реми би било доволно само доколку Канада го победи Мароко со најмалку четири гола разлика. Мароко е сигурен со бод, со пораз само ако Белгија загуби од Хрватска.

Група Г

Бразил – Камерун

Швајцарија – Србија

Бразил обезбеди пласман во осминафиналето. Камерун може да ја мине групата доколку Бразил победи, но Швајцарија не смее да ја победи Србија. Во тие сценарија Камерун би можел да има четири бода, како и Швајцарија или Србија, па би одлучувала гол разликата.

На Србија и треба само победа против Швајцарија, додека Бразил би ги олеснил работите доколку не загуби од Камерун. Швајцарците сигурно би ја поминале групата со победа, а бод би им бил доволен доколку Камерун не го победи Бразил.

Група Х

Португалија – Јужна Кореја

Уругвај – Гана

Португалија обезбеди пласман во осминафиналето. Во последното коло игра против Јужна Кореја, која мора да победи за да помине, но резултатот од вториот натпревар мора да се поклопи. Нерешено би и одговарало, но може да оди понатаму со победа на Уругвај против Гана.

Уругвај е во иста ситуација како и Јужна Кореја. Мора да ја победи Гана, но и да се надева на помош на Португалија бидејќи не е задоволен со победата на Јужна Кореја. Гана со победа е сигурна дека ќе ја помине групата, а ќе помине и со бод доколку Јужна Кореја не ја победи Португалија.