Connect with us

Ракомет

Започнуваат четврт финалните пресметки на СП во Египет

Започнува нокаут фазата на Светското првенство во ракомет 2021 година, кое оваа година се одржува во Египет.

Најдобрите осум репрезентации ќе се надигруваат за пласман во најдобрата четворка.

Четврт-финалните натпревари на 27.Светско првенство во ракомет ќе се одиграат денес во Египет. Актуелниот шампион Данска, од 17.30 часот, ќе игра против домаќинот Египет, додека од 20.30 часот, на програмата се натпреварите Шпанија-Норвешка, Шведска-Катар и Франција-Унгарија.