Connect with us

Фудбал

Зарем тоа не е премногу? „Тој е Бекам, Де Брујн и Џерард во едно“

Иако е само на почетокот на кариерата, некои веќе го споредуваат со најдобрите дефанзивци во историјата на фудбалот.

Дефанзивецот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд доби малку и неверојатни пофалби. Некои би рекле можеби неочекувано.

Имено, Гери Невил му порача на десниот бек на „црвените“ дека таков играч не видел во животот.

„Александар-Арнолд е апсолутен феномен кога станува збор за квалитетот на додавањата на топката. Тоа досега не сум го видел од дефанзивец“.

„Тој е како Бекам, Де Брујн и Џерард, и сите тие се поофанзивни играчи. Тој игра на позицијата десен бек. Тоа е најголемото признание што можам да му го дадам“.

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед го пофали и Енди Робертсон, кој изјави дека заедно со Александар-Арнолд го формираат најдобриот бековски тандем во историјата на Премиер лигата.

„Ги спомнувате во ист здив како веројатно најдобрите дефанзивци што некогаш сум ги видел, Роберто Карлос и Кафу“.

„Тие беа посебни, но овие двајца… Мислам дека не сум видел нешто слично во Премиер лигата како овој пар“, рече поранешниот дефанзивец.

Александар-Арнолд има само 23 години и е на пат да стане легенда на Енфилд Роуд. За многумина веќе е најдобриот десен бек во светот.