Фудбал
„Заробениот“ Лукаку моли да се врати!
Фудбалерот на Челзи, Ромелу Лукаку лично работи на убедување на раководството на клубот да го пушти на позајмица во Интер ова лето, објавија денеска италијанските медиуми.
Белгискиот репрезентативец не сака повеќе да остане во Лондон и сака да се врати во Интер, со кој имаше повеќе успеси. Лукаку оваа сезона одигра 26 натпревари во Премиер лигата и постигна осум гола, а минатата сезона постигна 24 гола на 36 првенствени натпревари за Интер со кој ја освои Серија А.
Како што објави „Кориере дело Спорт“, Лукаку го информирал Интер дека ќе се погрижи да го убеди раководството на Челзи да го пушти на позајмица ова лето.
Челзи минатото лето му плати на Лукаку 115 милиони евра, но тој би можел да го пушти на позајмица, бидејќи фудбалерот во неколку наврати изјави дека е незадоволен од формацијата што ја воведе тренерот Томас Тухел и дека сака да си замине.