Connect with us

Фудбал

Засилувањето од Челзи на чекање, Интер не се откажува од фудбалерот на Баерн

Иако се спомнуваше како засилување за Интер следната сезона, сепак Емерсон Палмиери од Челзи би можел да почека. Имено, италијанскиот тим не се откажува од услугите на Давид Алаба од Баерн Минхен.

Иако е поскап сепак, Антонио Конте верува дека токму тој е идеалното решение за левата бековска позиција, откако за десната го ангажираа Ашраф Хакими од Реал Мадрид кој играше на позајмица во Борусија Дортмунд.

Алаба вреди околу 50 милиони евра, заработува околу 11 милиони бруто, но договорот со Баварците му истекува за една година, а според сите најави сака да замине порано, па тимот од Минхен ќе се обиде да заработи.

Сепак, Интер има силна конкуренција во Манчестер Сити и ПСЖ.