Connect with us

Други спортови

Заслужено! Македонските одбојкари добиваат 20.000 евра премија за пласман на ЕП

Published

on

Македонските одбојкари кои пред два дена повторно обезбедија пласман на Европско првенство, ќе добија премија во висина од 20.000 евра.

„Уште пред турнирот во Скопје, управниот одбор на ОФМ донесе одлука, одбојкарите да бидат наградени ако успеат да се пласираат. Секако дека сум среќен работиме долго, оваа генерација ја следиме некои десетина години. Малкумина веруваа, а сега се покажува дека сме направиле вистинска проценка, дека сме ги поставиле правилно целите, резултатите сега ги собираме“, изјави Јовановски за ТВ 24.

Македонија се пласира на ЕП преку квалификациските турнири во Скопје, во конкуренција на БиХ и на Турција.

Фото: Официјална Фејсбук страница на Одбојкарска федерација на Македонија
Advertisement

Facebook