Connect with us

Фудбал

Застана на гол, правеше чуда и заплака како мало дете: Овој меч би можел да му го промени животот (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Сиера Леоне направи големо чудо на Африканскиот куп на нации.

Оваа селекција беше голем аутсајдер против селекцијата на Алжир, но на крајот успеа да освои еден бод (0:0).

Херој беше голманот Мохамед Камара. Тој имаше неколку чудесни интервенции и му донесе голем бод на својот тим.

Камара по натпреварот сосема заслужено ја доби наградата за најдобар фудбалер на натпреварот, а овој трофеј го прими во солзи.

Камара застана пред камерите и плачеше како мало дете. Не можел да поверува што се случило, а оваа забава лесно можела да му го промени животот.

22-годишниот играч моментално брани за клубот Ист Енд Лајонс од Сиера Леоне, а претходно играше за ФК Јохансен.

Реклама

Facebook

Реклама