Connect with us

Фудбал

Застрашувачко од Хрватска, надојдената река за три минути поплави фудбалски терен (ВИДЕО)

По невремето што го зафати целиот регион, Хрватска се бори со високите водостои и поплавите. Најкритична е состојбата покрај реката Сава која поради високиот водостој се излеа од коритата и направи огромни штети. Оштетувања претрпе и теренот на загрепскиот нисколигаш ФК Блато, кој се наоѓа покрај каналот Сава-Одра. ФК Блато на својот Фејсбук објави видео од безбедносните камери на кое може да се види како Сава го поплави целото поле за само три минути и глетката е навистина застрашувачка.