Connect with us

Фудбал

Затајувал данок, фудбалска ѕвезда осудена на шест месеци затвор!

Во 2014-та година се „поиграл“ со сметководствените книги, кога потпишуваше за Челзи, а сега дојде време за наплата. Диего Коста затајувал данок, па е осуден на шестмесечна затворска казна. Сепак, тој нема да мора да оди зад решетки, бидејќи ја признал вината и постигнал договор со судот да плати казна од 36 илјади евра.

Тој е осуден дека не пријавил данок од 1,1 милион евра, при трансферот од Атлетико Мадрид во Челзи во 2014-та година, кој е вреден 38 милиони евра.