Connect with us

Други спортови

Затвор од три години за белгиските хокеари

За време на Светскиот куп во Индија минатиот месец, неколку белгиски хокеари се обложувале што е забрането и се санкционира со казна затвор. Според локалниот весник „Ла Либре“ најмалку тројца хокеари на светскиот шампион во хокеј на трева се најдоа под истрага затоа што се обложувале на натпревари. Со тоа ги прекршиле правата, односно забрането е спортисти да се обложуваат на натпревари посебно на своите мечеви и за тоа во Белгија се лежи и затвор до три години.

Хокеарската федерација соопшти дека ќе соработува со истражителите доколку биде покренат случај против хокеарите-обложувачи чии имиња не се споменуваат.

Инаку Белгија во финалето ја совлада Холандија (3:2 на пенали) и го освои својот прв светски трофеј.