Фудбал
Завршена е истрагата за смртта на Емилијано Сала: Пилотот е виновен, Аргентинецот не знаеше што се случува
Емилијано Сала загина во авионска несреќа што се случи на 21 јануари 2019 година.
Авионот што го превезувал аргентински фудбалер во Кардиф, каде требало да се приклучи на клубот од овој град, паднал во Англискиот канал, а по повеќедневното пребарување, неговото тело е пронајдено на 7 февруари.
Истрагата за оваа несреќа траеше долго, а денес англиските медиуми ги објавија резултати, а компанијата за истраги на авионски несреќи утврдила дека за несреќата бил одговорен пилотот Дејв Ибонсон.
Иботсон немал дозвола да управува со авионот, но ниту авиионот немал дозвола за летање.Иботсон не ги почитуваше наредбите, кој потоа направи катастрофалните грешки што на крајот го чинеа животот на Сала, но и неговиот живот.
Според истрагата, Ибонсон изгубил контрола над авионот, откако се обидел да избега од мрачниот облак, и најверојатно во тој момент во авионот влегла голема количина јаглерод моноксид.
Се верува дека заради ова, Сала веднаш паднал во несвест и во последните моменти не бил свесен за тоа што се случува, додека Иботсон бил свесен и се обидел да го крене авионот, но не успеал и паднал во морето со брзина од 434 километри на час.
Исто така, овој 59-годишник немал квалификации да управува со авионот ноќе, а откриени се докази дека Иботсон требал да добие голема сума за овој лет од неименувано лице.
Телото на Дејв Ибонсон никогаш не било пронајден