Connect with us

Фудбал

Завршена трансфер сагата околу Роберт Левандовски

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски дефинитивно нема да го напушти Баерн Минхен ова лето.

Левандовски сакаше да замине, на маса имаше многу понуди, особено оние од Манчестер Јунајтед, но Баерн одлучи да го задржи својот најдобар стрелец од изминатите сезони.

“Не оди никаде ни за 150 милиони евра, ние веќе го кажавме тоа. Не сме како оние клубови кои се подготвени да му дозволат на играчот да замине, веднаш штом добијат добра понуда”, изјави Баварскиот претседател Карл Хајнц Румениге.

Дваесет и деветгодишниот Левандовски пристигна од Борусија од Борусија пред четири години, а во дресот за германскиот шампион досега постигна 106 гола.

Претходно тренерот на Баерн, изјави дека планира да го задржи Левандовски за следната сезона.