Кошарка
Заврши првенството во кошарка на Италија!
Италијанското првенство во кошарка е прекинато и повеќе нема да продолжи.
Италијанската кошаркарска федерација потврди дека првенството е завршено по нецелосното 21-то коло поради пандемијата на коронавирусот кој најтешко ја погоди земјата.
Виртус Болоња беше лидер до шампионската пауза, а во изјавата на Кошаркарската асоцијација на Италија се вели дека во моментов е невозможно да се утврди дали сезоната би можела да продолжи.
Засега е непознато дали Виртус ќе биде прогласен за шампион и дали двете последнопласирани екипи ќе бидат преместени во Лига Б.
Сигурно е само едно – нема повеќе кошарка во Италија оваа сезона, додека сè уште е неизвесно како ќе заврши сезоната во фудбалските лиги.