Други спортови
Заврши сезоната на алпско скијање: Славје за Норвешка и Франција за крај
Заврши сезоната во алпско скијање.
Завршницата се одржа во Куршевел, по што беа отстранети и последните дилеми.
Малиот кристален глобус во слалом го освои Хенрик Кристоферсен, а малиот кристален глобус во велеслалом Теса Ворли.
Кристоферсен го потврди денешниот триумф во слалом, а Ворли со освоеното четврто место во велеслалом.
Претходно Големите кристални глобуси првпат во кариерата ги обезбедија Марко Одермат и четврти пат во кариерата Микаела Шифрин.
Републичките натпревари се закажани за следниот викенд, а новата сезона на Светскиот куп започнува на крајот на октомври со велеслалом во Соелден.
Целосниот редослед на сезоната погледнете го ТУКА.