Фудбал
Заза е новиот фудбалер на Торино
Италијанскиот напаѓач Симоне Заза се врати во Италија.
По сезоните во Вест Хем и Валенсија, Заза одлучи да се врати во Италија ова лето и тоа го направи во последниот час.
На последниот ден од трансферот, Заза потпиша за Торино, иако пред тоа се зборуваше дека сé е завршено со Сампдорија.
Прво доаѓа во Торино на еден годишен заем кој ќе го чини италијански клуб околу два милиони евра, а наредното лето на Валенсија ќе му бидат исплатени дополнителни 12 милиони евра за комплетирање на договорот. Напаѓачот ќе заработува 1,5 милиони евра годишно во Торино.
“Валенсија постигна договор со Торино во петокот околу заемот на италијанскиот напаѓач Симоне Заза”, се вели во соопштението на клубот.
Торино во првото коло на Серија А игра на домашен терен против Рома.