Фудбал
Зборовите на Салихамиџиќ нема да бидат многу пријатни за навивачите на Баерн пред најдобриот период од годината
Спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ накратко зборуваше за зимскиот преоден рок.
Навивачите ширум светот сакаат трансфер периоди и со нетрпение чекаат некои нови играчи да потпишат за нивниот клуб, но во случајот со Баерн тоа нема да биде случај.
Спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ, во обраќање до медиумите во пресрет на последниот натпревар против Волфсбург потврди дека клубот нема да ангажира нови играчи во претстојниот зимски преоден рок. Тренерот Јулијан Нагелсман и челниците на Баерн изгледаат задоволни од длабочината и квалитетот на тимот.
„Навистина сме добро исполнети и вака ќе ја продолжиме сезоната“, изјави Салихамиџиќ, кој барем извесно време ќе ја држи позицијата „главен“ во германскиот шампион.
Имено, човекот од сенка конечно дојде до израз. Станува збор за 35-годишниот Марк Непе кој е назначен за технички директор, но ќе остане во скаутинг-менаџментот.
А зимски засилувања? Па, тоа нема да бидат директно засилување, но враќањето на Џошуа Кимих, Леон Горецка и Сабицер сигурно ќе биде големо засилување за Нагелсман во втората половина од сезоната.
Се очекува и враќањето на Јосип Станишиќ, кој ќе ја засили конкуренцијата на позицијата десен бек, а Кингсли Коман на крилните позиции.
Откако сите ќе се вратат во текот на зимата, Баерн ќе биде значително посилен во вториот дел од сезоната во кој ќе го продолжи патот кон освојување на двојната круна во Германија, но приоритет ќе биде освојувањето на Лигата на шампионите, иако конкуренцијата ќе биде жестока. како и секоја година.