Connect with us

Фудбал

Збунувачки: Еве колку пари ќе заработи Килијан Мбапе во Реал Мадрид

Светската фудбалска ѕвезда Килијан Мбапе официјално му се приклучи на шпанскиот гигант Реал Мадрид . Неколку часа по звучниот трансфер, се појавија првите податоци за сумата што францускиот талент ќе ја добие на „Сантијаго Бернабеу“.

Според голем број авторитетни изданија, вклучувајќи ги Би-Би-Си и АС, нето платата на Мбапе по сезона ќе биде во износ од 15 милиони евра. Потсетуваме дека договорот меѓу двете страни беше потпишан на 5 години . Напаѓачот ќе собере и личен бонус за потпис, кој ќе биде еднаков на 150 милиони евра.

Импресивната сума „белиот балет“ ќе ја плати на рати. Реал Мадрид може да си дозволи сличен бонус бидејќи не му дадоа ништо на Пари Сен Жермен за трансферот на Килијан Мбапе. 25-годишната ѕвезда на Бернабеу пристигнува како слободен играч, а гореспоменатите бројки не се 100% од наградата. Во договорот на играчот има различни клаузули поврзани со рекламирање на познати брендови кои ќе го зголемат вкупниот приход на Мбапе.

https://x.com/DeadlineDayLive/status/1797647596510675091

Advertisement