Connect with us

Фудбал

Здравствената состојба се влошува: Легендарниот Пеле во најважниот натпревар во животот

Легендарниот бразилски фудбалер Пеле ја има најважната партија во кариерата, онаа во животот.

Пеле ги помина последните недели во болница, а кога изгледаше дека може да си оди дома на лекување, работите се влошија.

При рутинските прегледи е забележано присуство на уринарна инфекција и затоа тој ќе остане подолго во болница, иако беше планирано да ја напушти болницата на почетокот на оваа недела.

Легендарниот фудбалер последните години имаше големи здравствени проблеми, а се започна со операција на колкот, по што тешко оди.

Лекарите вложуваат максимални напори еден од најдобрите фудбалери на сите времиња да биде во најдобро можно здравје, но годините и претходните здравствени компликации создаваат нови проблеми.

На Пелеу му беше отстранет тумор на дебелото црево во септември и оттогаш оди во Сао Паоло на хемотерапија.