Connect with us

Фудбал

„Земјотрес“ во Италија, првиот менаџер на Лионел Меси открива: Тој веќе има нов клуб!

Капитенот на Барселона, Лионел Меси и еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот одлучи да го раскине договорот со каталонскиот тим и да замине од „Ноу Камп“ каде ја помина целата своја досегашна кариера.

Сите се во исчекување како ќе заврши целата оваа ситуација и кој клуб ќе успее да го добие „Волшебникот“.

Во интервју за италијанските медиуми се огласи и Жозеп Мариа Мигуеља, фудбалски агент, кој му бил прв менаџер на Лионел Меси. Според него Аргентинецот веќе го одбрал клубот и земјата, а причина за такво нешто се помалите даноци во однос на Шпанија и Англија.

-За мене Меси веќе има тим, а тоа е Интер. Во Италија се плаќаат помали даноци во однос на другите европски земји. Го имаме примерот на Кристијано роналдо. Тешко ми е да го замислам Меси во Англија, иако неговите пријатели Серхио Агуеро и Пеп Гвардиола се во Манчестер Сити, вели Мигуеља.

Во прилог на овие информации одат и оние од пред извесно време кога таткото на Меси беше забележан во Милано и дека купил стан во луксузна зграда во близина на седиштето на Интер. Сепак, во моментов сето ова се непотврдени информации и претпоставки.