Connect with us

Фудбал

“Земјотрес“ во Мадрид, Зидан пикираше уште еден фудбалер на Манчестер Сити

Медиумите во Шпанија, но и во Англија пренесоа дека Реал Мадрид подготвува неверојатна понуда од 200 милиони евра за Рахим Стерлинг. „Кралевите“ сакаат да се обидат да ја искористат ситуацијата со суспензијата на Сити, па информациите велат дека Зинедин Зидан пикирал уште фудбалер на „Граѓаните“, а тоа е Серхио Агруеро.

Уште од поодамна Агуеро има договор со Сити дека по завршувањето на сезоната може да замине, иако има договор до јуни 2021 година.

Но, овој договор важеше само ако Агуеро се врати во Аргентина или замине во МЛС лигата. Дали ќе важи и за Реал Мадрид, останува да се види.