Фудбал
Згодна водителка збунета по посетата на руски спортисти во Белата куќа: „Смешно“
Хокеарите на Тампа Беј Лајнинг имаа средба со американскиот претседател Џо Бајден откако го освоија Купот Стенли по втор пат по ред.
Меѓу членовите на Тампа беа и тројца Руси, играчите Андреј Василевски, Михаил Сергачев и Никита Кучеров, поради што Викторија Боња, руска манекенка и ТВ водителка, имаше дилема.
Таа била изненадена што имало средба меѓу руските хокеари и Џо Бајден, со оглед на тоа што Американците воведоа санкции за Русите, но и за руските спортисти поради војната во Украина.
„Честитки до НХЛ што не ги слушаше политичарите, а од друга страна, смешно е да се видат нашите хокеари како се среќаваат со Бајден, и покрај фактот што САД се најгласни во барањето исклучување на нашите спортисти од сите натпреварувања“, напиша Викторија Боња.
Исто така оваа недела, сите руски спортисти кои освоија медали на Олимпијадата во Пекинг во Кремљ беа пречекани од рускиот претседател Владимир Путин.
Состанокот во Москва ги поттикна Американците во Њујорк Тајмс да продолжат да шпекулираат за влошеното здравје на Владимир Путин бидејќи рускиот претседател беше фатен со отечено лице.
View this post on Instagram
View this post on Instagram