Connect with us

Други спортови

Жално е што сите сме во истата чорба во Формула 1

Возачот на Форс Индија, Серхио Перез, жали што Фернандо Алонсо од наредната сезона нема да вози во шампионатот на Формула 1. Мексиканецот, истакна дека голем проблем на Алонсо му било тоа што возел за тимот на Мекларен, кој е далеку понеконкурентен болид во однос на Ферари, Мерцедес и Ред Бул.

Перез смета дека големата разлика помеѓу болидите, се одразува на квалитетот на шампионатот во Формула 1.

  • Тоа само покажува колку е лоша Формула 1. Го имате еден од најдобрите возачи во историјата, а тој се бори за место во средината и се обидува да освои некој бод секој викенд. Доколку му дадете друг болид тој би бил шампион. За жал, таква е Формула 1 во овој момент. Сите сме во истата чорба, истакна Перез.

Откако се врати во Мекларен, Алонсо не бил подобро пласиран од петтата позиција. Последен пат тоа се случило кога двократниот светски првак возеше за Ферари во 2014 година.

Алонсо од наредната сезона ќе се натпреварува во Светското првенство на издржливост, како член на Тојота.