Connect with us

Кошарка

Мери Ковачевска си поднесе оставка од претседателската позиција во Пелистер!

Екипата на Пелистер е единствениот досега непоразен тим во Првата лига со пет победи во досегашните пет кола, но пред клубот е период во кој може да следуваат проблеми, откако денеска оставка поднесе претседателката на Бордот на директори, Мери Ковачевска.

Заминувањето, неофицијално, се доведува во врска со промените во општина Битола каде што се случи смена на власта, со оглед што доминантен сопственик на клубот е токму локалната власт.

-Причина за мојата оставка се приватните и професионални обврски, кои не ми дозволуваат повеќе да ги извршувам обврските во клубот. Затоа барам во најкраток можен рок да се најде моја замена со цел клубот да продолжи да се движи во зацртаниот правец“, вели Ковачевска.