Тајмаут
Жените избраа со кои играчи би спиеле, изборот од ТОП 10 остава без текст
„Ticketgum.com“, англискиот портал, одлучи да направи интересно истражување во кое можеле да учествуваат само припадничките на понежниот пол.
Поточно, овој англиски портал беше заинтересиран за тоа кои се најатрактивните играчи на светот, вклучително и оние кои се во пензија. Членовите на понежниот пол гласаа во анкетата со која фудбалер би сакале да спијат.
Дејвид Бекам се најде на првото место со 21,25% од гласовите. По него, списокот е доста интересен, а најмногу изненади пласманот на голманот на Тотенхем, Пол Газанига, кој се најде на второто место со 15% од гласовите.
По Газанига, на третото место се најде Рубен Лофтус-Чек од Челзи, што беше големо изненадување. Тој доби 13,75% од гласовите. Зад играчот на Челзи е Андре Гомес (Евертон) со 11,25% од гласовите, а потоа следува Марко Асенсио (Реал Мадрид) со 8,75% од гласовите.
Веднаш зад Асенсио е Оливе Жиру со 7,5% од гласовите, додека на седмото место Герад Пике кој исто така доби 7,5% од гласовите. Најголемото изненадување е што Кристијано Роналдо се најде на само осмото место со 6,25% од гласови.
По Роналдо, Лионел Меси доби скромни пет проценти од гласовите, а во ТОП 10 се најде играчот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, кој доби 3,75% од гласовите.