Connect with us

Други спортови

Жените треба да бидат борци дома, победете ги своите мажи!

Една од најголемите УФЦ ѕвезди, Хабиб Нурмагомедов, гостуваше на јавна трибина во Саудиска Арабија каде одговори на неколку новинарски прашања. Русинот предизвика контроверзи по коментарите кои многумина ги оценија за сексистички. Меѓу другото, Хабиб беше прашан за тоа кој совет би им го дал на жените кои сакаат да се занимаваат со боречките спортови.

  • За жените имам добар совет – бидете борци дома. Имам уште нешто да ви кажам – секогаш победувајте ги мажите, изјави рускиот борец кој неодамна го победи Конор Мекгрегор.

Ваквото размислување на Хабиб не е непознато за јавноста. Својата сопруга никогш не ја покажал во јавноста, а воедно тој и неговите браќа израснале во куќа без жени. Мајка си и сестра си ги гледал само во текот на викендите.

Кога Нурмагомедов и неговите пријатели имале тренинг во сала, ниту една борачка не смеела да тренира во тој термин. Тој истакна дека е против тоа жените да бидат во боречките спортови. Но, за време на неговите натпревари настапуваат и жени, но сеуште јавно не се побунил околу тоа.