Фудбал
Жерар Пике се прости од Ноу Камп
Легендата на Барселона Жерар Пике доби овации во неговиот последен натпревар на Ноу Камп во победата од 2-0 во Ла Лига над Алмерија во саботата вечерта.
Тој беше заменет во 84. минута и во солзи ги прегрна сите соиграчи, менаџерот Чави Ернандез и целата клупа на Барса.
35-годишниот и официјално ќе се пензионира по гостувањето во Осасуна во вторник, иако не е сигурно дека ќе игра таму.
По мечот тој со солзи зборуваше на теренот, изјавувајќи: „Тука сум роден и тука ќе умрам“.
“Кога ќе остариш, сфаќаш дека понекогаш да сакаш значи да се откажеш. Убеден сум дека повторно ќе бидам тука во иднина. Ја сакам Барса. Затоа мислам дека е вистинско време да си заминам. Ова не е збогум”. изјави бранителот.
Пике, кој беше прогласен за капитен на натпреварот, излезе на теренот со своите два сина, а сите негови соиграчи носеа дресови со неговото име и бројот три на грбот.
Дефанзивецот беше критикуван за неговата лоша форма од почетокот на сезоната, а според извештаите, главниот тренер Чави Ернандез разговарал со него за да го убеди да се откаже или да го напушти тимот на крајот на сезоната.
„Пике беше извонреден денеска и уште еднаш покажа дека се се исплати. Му кажав дека е легенда на Барселона и ние сме многу благодарни за неговите години во клубот“, прокоментира Чави.
По натпреварот, Жерар Пике беше фрлен во воздух од соиграчите, а навивачите скандираа „Претседател. Претседател“, покажувајќи го своето одобрување дефанзивецот еден ден да го води клубот.