Connect with us

Фудбал

Жестока пресметка во паб поради „кратките раце“ на голманот на Евертон

Голманот на Евертон и Англија, Џордан Пикфорд (27) учествувал во масовна тепачка во Ливерпул во неделата.

Пикфорд пристигнал со пријателите во локалниот паб кога дошло до масовна тепачка во која едно лице било повредено.

Голманот на Евертон беше исмејуван од некој од присутните поради неговите „кратки раце“. Ова ја налутило екипата со која бил и дошло до масовна тепачка во која едно лице имало скршен нос, а друго скршен телефон кога се обидел да сними се.

Полицијата нема докази дека Пикфорд лично учествувал во тепачката, а еден сведок изјави за Сан:

„Слушнав провокација и викање за кратки раце и тоа беше тоа. Пресметката започна. Тоа се случи веднаш откако влегоа, не стигнаа ни да се напијат. Еден човек имаше скршен нос, но Пикфорд беше добро. Тие заминаа пред да дојде полицијата“.

Од полицијата најавуваат и дека го истражуваат случајот со оваа пресметка.

„Добивме повик за нарушување на редот и мирот во паб. Избила тепачка меѓу две групи момчиња. Истрагата е во тек и се бараат сведоци на настанот“, соопштено е.

Џордан Пикфорд во минатото беше мета на потсмев поради скромните физички предиспозиции за голман, но честопати докажуваше дека е навистина одличен чувар на мрежата и знаеше да има брилијантни одбрани.