Фудбал
Жиру: Ибра е неверојатен, не знам дали ќе можам да постигнувам голови на 40 години
Напаѓачот на Милан, Оливие Жиру проговори за партнерството со Златан Ибра Химовиќ. Двајцата ретко се на теренот во исто време, но Французинот е среќен што ја дели соблекувалната со Ибра , кој продолжува да ја демонстрира својата класа на 40-годишна возраст.
„Тоа е неверојатно. Неговата кариера, долговечност и одлучност се на исклучително ниво и покрај тоа што има 40 години. Постојано бара повеќе од себе. Не знам дали би можел да постигнам гол за пет години. Дали колената и грбот ќе можат да ги издржат оптоварувањата? Имам голема почит кон Ибрахимовиќ “, изјави Жиру.
„Ние сме на врвот на табелата. Ние сме сигурни во нашите способности и остануваме смирени. Кога резултатите се позитивни, сè е полесно. Мораме на секој натпревар да демонстрираме шампионски менталитет. Нашиот тим е млад, но имаме и искусни играчи. Ќе направиме се што е можно за да ја освоиме титулата“, додаде францускиот репрезентативец.
Жирито оваа сезона има 30 натпревари и 11 голови во сите натпреварувања, а Ибрахимовиќ на теренот се појави 23 пати и постигна 8 гола.