Фудбал
Жиру потпишува за Интер до крајот на неделава
Со оглед на тоа што во Челси му недостасува простор за играње, Оливие Жиру сè повеќе се поврзува со многу екипи каде би можел да ја продолжи кариерата.
Сепак, се чини дека прашањето конечно е решено и Французинот ќе потпише договор со Интер до крајот на неделава.
Според италијанските медиуми, целата работа е договорена, а Интер ќе плати 6,5 милиони евра за овој фудбалер.
Секако, бонусите се вклучени во сето ова, а агентот на Жиру треба утре да патува во Милано за да ја заврши потребната документација.
Тогаш самиот фудбалер ќе отпатува за Италија за да потпише договор со Интер за две и пол години.