Фудбал
Жиру: Сакав да го напуштам Челси, но до крајот на сезоната имав само еден цел
Францускиот напаѓач Оливие Жиру се обиде да го напушти Челси оваа зима, но не успеа.
Искусниот 33-годишен напаѓач се поврзуваше со заминување во Интер и Лацио, но на крајот ништо не се случи. Жиру се обиде да го напушти Челзи, но клубот на крајот се откажа од неговата продажба, иако Лацио сакаше да го донесе во своите редови.
Жиру конечно настапи за Челси против Манчестер Јунајтед синоќа, а тоа за него беше шести настап во Премиер лигата досега.
Тој по натпреварот призна дека сакал да го напушти клубот, но дека сега тој бил фокусиран само да добива можност за игра што е можно повеќе и да биде на списокот на француската репрезентација за Европското првенство што ќе се игра во текот на летото.
„Сакав да си заминам. Од средината на декември до крајот на јануари, бев речиси отсуство од сè. Сепак, по 1. февруари, јас сум 100% посветен на Челзи и ќе дадам се од себе до крајот на сезоната. Мојата лична цел е да играм што е можно повеќе и да одам на Европското првенство со Франција“, изјави Жиру.
Францускиот напаѓач ќе може да избере нов клуб на крајот на сезоната и да замине без надомест бидејќи неговиот договор со Челзи ќе истече ова лето.