Фудбал
Жиру: Само тука можам да играм редовно
Напаѓачот Оливие Жиру верува дека враќањето во родната Франција ќе му даде повеќе простор да игра почесто.
Светскиот шампион со Франција доби понуди од некои други екипи во Премиер лигата, како и од Америка, но тој има друга идеја. Жиру планира да се врати во Франција за да игра во Лига 1, каде ја започна својата кариера.
„Мислам дека имам повеќе шанси да играм само во родниот град. Враќањето во Франција може да ме врати во својата поранешна форма“, изјави Жиру за „L’Equipe“.
Францускиот напаѓач не наоѓа многу простор за игра бидејќи е третата опција на Челси по Абрахам и Батшуаи.