Connect with us

Фудбал

Жив сум затоа што некој умре-Поранешниот англиски репрезентативец непрепознатлив, болеста му го смени личниот опис (ВИДЕО)

Поранешниот англиски репрезентативец и прославен ас на Њукасл, Кирон Даер (45) проговори за својата драматична борба за живот. Пред неколку месеци, поранешниот играч за врска на „Страчките“ беше практично на работ на смртта, црниот дроб му откажуваше и итно му требаше трансплантација.

Во моментите кога се чинеше дека нема спас, се случи вистинско чудо. Се појави соодветен донор и на Даер му беше дадена нова шанса за живот. По завршувањето на неговата играчка кариера, на Даер му бил дијагностициран тумор на црниот дроб и му било кажано дека само трансплантацијата може да му го спаси животот, но немало донори и неговото здравје се влошувало. По долго чекање изгубил секаква надеж , меѓутоа, пред неколку месеци додека бил во болница во Кембриџ, конечно дојде охрабрувачка вест – пронајден донор. Иако му се дава нова шанса за живот, Даер не може да се помири со фактот дека некој морал да умре за тој да живее.