Connect with us

Ракомет

Живко Мукаетов најави заминување од РФМ

На редовното собрание на Ракометната федерација на Македонија, актуелниот претседател Живко Мукаетов најави дека нема да се кандидира за претседател на следните избори, планирани помеѓу 15 февруари и 1 март 2025 година.

Мукаетов, кој ја предводеше федерацијата од 2013 година, го остава ракометот во Македонија да бара ново раководство кое ќе продолжи да ја одржува успешноста на федерацијата.