Тајмаут
Животна драма на сестрата Мауро Икарди: Неколку пати сакав да го убијам татко ми!
Сестрата на sвездата на ПСЖ, Мауро Икарди, 25-годишната Ивана, откри многу темна тајна на семејството.
Ивана им откри на аргентинските медиуми дека честопати имала желба да го убие нејзиниот татко кој постојано ја тепа нивната мајка.
Беше многу тежок период за семејството Икарди, а Ивана беше таа која најмногу страдаше.
“Мојот мал брат и јас многу страдавме откако нашите родители се разведоа во 2011 година. Бев во постојан судир со татко ми. Се обидов да ја заштитам мајка ми која постојано беше тепана. Многу пати размислував за убиството на него. На крајот го пријавивме за насилство “, рече Ивана Икарди.
Ивана претходно имаше интересни настапи во медиумите. Таа честопати коментирала за Ванда Нара, сопруга на нејзиниот брат Мауро и тврдела дека Ванда е виновна што Мауро заборави на семејството.